Достапни линкови

Ахмети оди во Хаг како сведок, тврди министерот Османи


Али Ахмети и Бујар Османи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е повикан во Хаг како сведок, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, по размената на ресорите.

Али Ахмети утре треба да сведочи прес Специјалниот суд за воените злосторства во Косово, а како што беше потврдено претходно од неговиот кабинет, тој ќе оди за Приштина да сведочи за неговата улога во ОВК.

„Пред државни микрофони не одговарам на партиски прашања, но Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење“, потврди денеска министерот Османи.

Лидерот на ДУИ минатиот месец, на неговиот Фејсбук профил, објави дека на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг, кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, ќе оди како сведок и како еден од основачите на ОВК.

XS
SM
MD
LG