Достапни линкови

Денеска продолжува „Монструм“ со искази на сведоци од одбраната


Архивска фотографија - Судење за „Монструм“, обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

Со презентација на сведоци од обвинителство, денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжува судскиот процес за случајот „Монструм”. Денешното рочиште е продолжение на минатонеделното, на кое исказ даде началникот на Одделението за увид на место на настан при МВР, Горан Милошевски, а потоа како сведок на одбраната беше предложен и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за разговор поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско езеро, во април 2012 година, обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. На Велики Четврток беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Судењето за овој предмет го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

На последното рочиште сведочеше началникот во МВР, Горан Милошевски, а неговиот исказ се однесуваше на пронаоѓањето на автомобилот „Опел Омега” за кое во обвинението се вели дека е користено од обвинитетите за убиството кај Смилковско Езеро.

XS
SM
MD
LG