Достапни линкови

За сведок во „Монструм“ предложен Јанакиески за разговор со Јанкулоска


Архивска фотографија - Судење за Монструм, обвинителите Фатиме фетаи и Гаврил Бубевски.

На денешното продолжение на повтореното судење за случајот „МОнструм“, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сведочеше началникот на одделението за увид на место на настан при СВР Скопје, Горан Милошевски за неговата поврзаност со возилото поврзано со убиството.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири, Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири, Сами Љута и Африм Исмаиловиќ, кој е во бегство.

Во меѓувреме одбраната на обвинетите поднесе листа на предложени докази кои треба да се презентираат на следните рочишта. Меѓу сведоците кои одбраната го предлага и Миле Јанакиески, за разговор поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Следното рочиште е закажено за 31 август.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

XS
SM
MD
LG