Достапни линкови

„Монструм“ да заврши до септември, договорени 9 рочишта


Архивска фотографија - Судење за Монструм, обвинителите Фатиме фетаи и Гаврил Бубевски

Судењето за случајот „Монструм“ треба да заврши на крајот од септември, а Судот, Обвинителството и обвинетите, договорија 9 нови рочишта на кои треба да се сослушаат преостанатите сведоци за убиството на Смилковското езеро пред осум години. Обвинителството завршува со сведоци на нивен предлог веќе во петок. Повикани се двајца инспектори од СВР Скопје кои составиле службена белешка за црвениот Опел со кого полицијата тврди дека избегале убијците.

„Од непознато лице на 12.04.2012 година помеѓу 20 часот и 50 минути и 21 часот и 05 минути е видено возилото опел омега. Од службени лица составена е белешка, но нема податок кои се тие лица кои ја направиле, ниту пак, има информација кое е лицето кое го видело автомобилот. Постои и друга белешка од наредниот ден од двајца инспектори и затоа ги предложив како сведоци бидејќи тие го пронашле и земале возилото“, рече обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште.

Според обвинителството, инспекторите треба да појаснат како само еден час по бруталниот масакр на петте лица, службите составиле белешка дека знаат со кое возило обвинетите избегале. Сведоци ќе предложат и обвинетите, а список до судот ќе треба да достават до петок.

XS
SM
MD
LG