Достапни линкови

Либанскиот премиер најави предвремени избори по протестот во Бејрут


Еден полицаец е убиен во синоќешните судири со демонстрантите на протестот во Бјерут, пренесува Ројтерс. Локалните медиуми информираатдека Црвениот крст во Либан објавил дека има 110 повредени и дека 32 лица биле однесени во болницата.

Околу 7.000 луѓе се собраа на Плоштадот на мачениците во центарот на градот, а некои фрлаа камења кон полицијата. Демонстранти упаднаа и во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми.

Претходно денеска полицијата испали солзавец на демонстрантите кои се обидоа да се пробијат низ оградата за да стигнат до зградата на парламентот во Бејрут, за време на протестот поради владините реакции на разорната експлозија во градот.

Либанскиот премиер Хасан Дијаб најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во градот предизвика криза.

Тој во телевизиско обраќање ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата зад себе и да работат заедно. Дијаб рече дека е подготвен да остане на функцијата во наредните два месеци, за да им даде време на политичарите да применат структурни реформи.

XS
SM
MD
LG