Достапни линкови

Џафери ја закажа конститутивната седница на Собранието


Собранискиот спикер, Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Tалат Џафери, го потпиша Решението за свикување на Првата - Конститутивна седница на Собранието и таа ќе се одржи на 4-ти август 2020 година во 12 часот.

Конститутивната седница ќе се одвива според здравствени протоколи и критериуми за да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.

За да се запази пропишаната физичка дистанца, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието (Голема купола). Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на МРТ.

XS
SM
MD
LG