Достапни линкови

Денеска пресуда за „Рекет”


Катица Јанева и адвокатката Ирена Фрчкоска на рочиште за „Рекет“

На денешното последно рочиште ќе биде изречена пресудата за случајот „Рекет”, односно за првообвинетиот неформален сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13 и поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Тие се обвинети откако бизнисменот Орце Камчев кој е обвинет во истрагата за предметот „Империја“ наведе дека бил принуден на Јанева и Јовановски да им даде милион ипол евра за да му ја олеснат положбата во истрагата.

„Рекет“ финишира, клучните прашања висат

Првпат во историјата на државата ќе биде објавена пресуда против обвинител, односно против поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. “Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви докази за делото, изјави Јанева, во завршниот збор за случајот „Рекет“. Пресудата ќе биде објавена во големата сала на Врховниот суд на Северна Македонија, информираат од Кривичен суд Скопје, бидејќи се очекува да присуствуваат голем број медиумски екипи.

XS
SM
MD
LG