Достапни линкови

До утре ќе бидат готови протоколите за хотели и свадби


Министерот за економија, Крешник Бектеши

Рестораните, не до крајот на годинава, туку многу порано ќе може да организираат свадби, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, но, како што додаде последниот збор и за овој сегмент од работата на угостителските објекти, ќе го има Комисијата за заразни болести. Тој на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, информираше дека до крајот на денов или најдоцна утре се очекуваат нови протоколи за работата на хотелиерите и угостителите.

Хотелиерите, напомена министерот, не се затворени со одлука на Владата, но многу е важно и за гостите и за странските туристи да работат согласно протоколите од Комисијата за заразни болести.

„Оваа тема вчера беше дискутирана на владина седница. Го задолживме министерот за здравство да и предложи на Комисијата нови протоколи. Очекуваме денеска или најдоцна утре да имаме такви предлози кои секако би ги усвоиле, имајќи предвид дека хотелите не се затворени со владина одлука. За угостителските објекти кои организираат свадби ќе ја чекаме сугестијата од Комисијата. Убеден сум дека не до крајот на оваа година, туку многу порано би можеле и тие да работат“, рече Бектеши.

XS
SM
MD
LG