Достапни линкови

Во САД продолжуваат протестите по смртта на Џорџ Флојд


Вашингтон, протест

Во САД продолжија демонстрациите против расната неправда поради смртта на невооружен афроамериканец додека бил во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Протести имаше во најмалку 75 американски градови, а повеќе држави ја повикаа Националната гарда да помогне во контролата на граѓанските немири кои во текот на изминатата недела доведоа до апсење на стотици луѓе. Околу 5.000 војници на Националната гарда се активирани во 24 држави и главниот град Вашингтон, соопшти Националната гарда. Најмалку 40 градови, меѓу нив, Лос Анџелес, Чикаго, Детроит, го продолжија полицискиот час.

Ескалираат протестите низ САД поради смртта на Џорџ Флојд

Демонстрантите го искажуваат својот гнев поради смртта на Џорџ Флојд (46), откако полицаец го држел со коленото на задниот дел на вратот, кој повеќе пати извикувал: „Не можам да дишам“. Граѓанските немири ескалираа низ целата земја од смртта на Флојд на 25 мај. Демонстрации собраа во знак на поддршка за протестите во САД во текот на викендот имаше и во Канада, Велика Британија и Германија.

XS
SM
MD
LG