Достапни линкови

Лукаревска: Од 1 јуни барања за државна помош за мајската плата


Сања Лукаревска, директорка на УЈП

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави дека исплатата на државната помош за плати на засегнатите дејности од корона-кризата успешно се реализира за месец април и дека од 1 јуни почнува поднесувањето на барањата за месец мај.

„Успешно ја реализираме Мерката за финансиската поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година. Од 1 јуни започнува поднесувањето на Барања за финансиска поддршка за исплата на платите за месец мај, а ние сме подготвени за прием и обработка истите“, објави Лукаревска на својот официјален Фејсбук профил.

XS
SM
MD
LG