Достапни линкови

Корона, Филипче, Вучиќ и Пендаровски во фокусот на вашите коментари


Претседателите на Македонија и на Србија, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ

Корона кризата, навредливите изјави на српските лидери како реакција на изјавата на претседателот Пендаровски за штетните последици врз регионот од евентуалното меднување на границите и пораките на францускиот амбасадор Тимоние за наоѓање решение на проблемите со Бугарија се најкоментирани теми од нашите читатели.

За ситуацијата со КОВИД-19, вообичаено, „вината“ е кај кој друг ако не кај власта. Па Ацо Ристоски, по последните бројки што во неделата ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, гневно постирал: „Пакувајте си ги торбите, бе лудо племе, да ве снема од Р. Македонија, го изедовте народот“. Слично како и Дали Рушани: „Собирајте партали оваа влада, да ве нема“. Роберт Ликушевски реагира на бројката досега починати: „Абе во Хрватска вчера и денес двајца, еј, шо праиме?“. Има огромен број коментари на ФБ страницата на РСЕ со пцовки и навредлива содржина, но постот на Вердин Ликушевски се издвојува: „За умирање не треси глупости и не прави паралели за твој интерес. Оти во здравството најмалку се вложувало за негов развој. Камо среќа наместо фасади да се купуваа работи за здравството“.

Министерот за здравство Венко Филипче инаку информираше вчера дека во изминатите 24 часа биле направени 426 тестирања, а регистрирани биле 30 нови случаи на КОВИД-19.

Третиот пакет економски мерки од 355 милиони евра за опоравување на економијата што го најави техничкиот премиер, Оливер Спасовски, исто така е дочекан на нож од посетителите на нашата ФБ страница. За Димче Кизовски е важно дали се тоа пари од „Соросовиот фонд или крадени пари, нека каже“, а Соња Илиевска иронизира: „Што е со двата пакета?“ Мухамер Хасани му порачува на Спасовски: „Врати ги парите на масоните и врати го животот како што живеевме, не ни требаат нивни пари, програми и уништување на човечки животи, ќе ве казни народот“. Сашо Манолчев, пак, третиот економски пакет го поврзува со изборите: „Го молевте народот што скенира да помогне и да се откаже од повраток на ДДВ, а сега пред избори се расфрлате со пари. Тие пари пак овој народ ќе ги враќа, ќе качувате акцизи на бензин, цигари, алкохол. Важно изборите да се добијат по било која цена“. Меѓу негативно настроените и навредливи коментари, меѓутоа, ќе се најде и понекоја попристојна забелешка. Горан Божиновски смета: „Што е важно од кои пари, важно да се даде, и претходните од ВМРО крадеа ама не даваа на народот“, а Даниел Крстовски се пошегувал: „Од Будимпешта праќа шефот, хахаха, се шалам, кај ќе даде нешто тој лешпер крадлив“.

СДСМ реализира повеќе од половина од ветеното

Има огромен број коментари по неделното интервју со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, но според нивната содржина, граѓаните како да го истуриле сиот гнев и незадоволство од актуелната ситуација со пандемијата, па има само пцовки, лични навреди и клетви.

СДСМ нема да организира митинзи
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:18 0:00

Вие, почитувани, ја коментирате и изјавата на францускиот амбасадор во земјава, Тимоние, кој порачува Скопје и Софија да продолжат со изнаоѓање заеднички прифатливи решенија, а коментарите се слични како оној на Тони Милевски: „Кој фактор е тој постојано да ни кажува и да врши притисок врз нашите политичари, односно нашата земја? Истото го правеше кога преговаравме и со Грција. Нека не се меша во внатрешните работи на нашава земја!“ И бара Тимоние да се прогласи за персона нон грата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за одбрана Александар Вулин со прилично непримерени изјави реагираа на ставот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, искажан за приштинскиот портал Газета Експрес дека Македонија не е за промена на границите помеѓу Србија и Косово. Лута Ахмети подналутен: „Сѐ што почнува во Србија, завршува кај нас, доста веќе и Вучиќ и сите“, а Мустафа Дано коментирал: „Ништо не е сменето, сѐ е на свое ниту е можно некој нешто да смени. Македонија е на пат за ЕУ, а Србија ќе почека малку подолго ако продолжи со провоцирање на балкански држави инклузиф и Косово“. Но за потпишаниот со Бруно Морети мешањето во внатрешната политика на други земји не било во ред, „старо правило е тоа што не сакаш да ти чинат ти не им го чини на другите. Непотребна изјава на Пендаровски!“ – смета Бруно Морети.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG