Достапни линкови

Тимоние: Скопје и Софија да продолжат со изнаоѓање заеднички прифатливи решенија


Крситијан Тимоние, амбасадор на Франција.

Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние изјави дека по потпишувањето на Договорот за пријателство, позитивниот дух мора да го зачуваат двете страни, особено во рамките на активностите на експертските комисии кои дале одредени охрабрувачки резултати, коментирајќи ги оценките во јавноста за можно ново вето од Бугарија на евоинтегративниот пат на Северна Македонија.

„Треба да се продолжи со изнаоѓањето заеднички прифатливи решенија, засновани врз научни истражувања и во духот на меѓусебното разбирање. Европскиот дух и ветувањето за споделени вредности овозможи прием на земји-членки во минатото и ќе овозможи интеграција на нови членки во иднина. Двете нации се согласуваат дека имаат заеднички историски и културни корени, за што сведочи и убавата иницијатива секоја година заеднички, на највисоко политичко ниво во Рим, да се чествуваат светите Кирил и Методиј. Европа има потреба, особено кога станува збор за Балканот, да го негува духот на комуникација преку почитување на другата страна. Потребно е да се смират духовите во интерес на секоја од двете држави и двата народа, но и во интерес на Европа, која мора да одговори на новите предизвици, коишто и се закануваат на нејзиниот опстанок, како и на нејзините вредности и нејзиниот просперитет“, вели Тимоние во интервју за МИА.

Тој е дециден дека реализација на членството во ЕУ како стратешко прашање не може да се постигне без забележителен напредок во областа на владеењето на правото, како и во поглед на економско и социјално приближување што бара удвојување на напорите на политичките раководства во регионот.

„Таквите активности бараат двојно поголеми политички напори од страна на државите во регионот и постепено решавање на споровите што не смееме да ги внесеме во Унијата. Здравствената криза исто така мора да нè поттикне да размислуваме за нашата безбедност, вклучително и за здравјето, што е можно пошироко: тоа е поттик за сите нас да го забрзаме темпото на промени за да останеме на висината на нашата историја, Франција се надева дека Северна Македонија, заедно со други европски земји, ќе може да се приклучи кон француско-германската иницијатива за меѓународна потрага по вакцина која би била јавно добро ставено на располагање на сите народи. Таквиот европски дух мора да надвладее, преку конкретни достигнувања, вели францускиот дипломат запрашан за можното влијание на пандемијата врз процесот на проширување.

Во врска со рамката за преговорите, тој верува оти Европската комисијата ќе ги усогласи ставовите и ќе најде заеднички јазик, во согласност со европскиот интерес.

XS
SM
MD
LG