Достапни линкови

Подгорица жали што Лавров го обвини црногорското раководство за русофобија


претседателот Мило Ѓукановиќ

Подгорица жали што рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров „го обвинува црногорското раководство за „русофобија“ и наводно предавство на Русија „користејќи таблоиден речник“, пишува порталот „Победа“ наведувајќи извори во раководството на Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Балканскиот список на Москва – Од Скопје до Бања Лука

Лавров претходно изјави дека претседателот Мило Ѓукановиќ усвоил недвосмислено русофобичен став, за кој рече дека е против здравиот разум. Истиот извор вели дека на приказната за русофобија најдобро може даодговорат стотиците илјади Руси кои доаѓаат во Црна Гора секоја година и илјадниците кои живеат во земјата.

XS
SM
MD
LG