Достапни линкови

Балканскиот список на Москва – Од Скопје до Бања Лука


Балканските сопатници на Кремљ
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Балканските сопатници на Кремљ

Според НАТО Центарот за стратешки комуникации, списокот сопатници и повереници на Русија на Балканот е многу долг и на него се наоѓаат партии, здруженија, граѓански движења и организации со проруска агенда, од Скопје до Бања Лука, кои Кремљ ги користи во обидите да го запре ширењето на НАТО и ЕУ.

Русија има значително влијание врз домашните политики во неколку земји од Западен Балкан, анализира НАТО Стратешкиот комуникациски центар за извонредност, кој не е дел од Алијансата, ниту говори во име на НАТО. Покрај официјалните контакти помеѓу владите, Москва има воспоставено врски со голем број партии кои покажуваат анти-НАТО и евроскептични тенденции. Ги има од цел Балкан, велат од Центарот - од Република Српска до Северна Македонија.

„Владејачката руска партија, Обединета Русија, покани повеќе партии од Балканот на својата конвенција во 2016 година: Српската народна партија (тогаш во коалициската влада на Александар Вучиќ), Демократската партија на Србија (основана од Војислав Коштуница), Алијансата на независни социјалдемократи на Милорад Додик, Нова српска демократија и Демократска народна партија од Црна Гора и Демократската партија на Србите во Македонија. Сите партии потпишаа декларација за политичка неутралност, приклонувајќи се кон позицијата на Русија против проширувањето на НАТО“, се вели во анализата на НАТО Стратешкиот центар.

Руска механика

И не се само партиите на листата, анализира СтратКом и додава: Списокот сопатници и повереници на Русија е многу подолг.

Според Центарот, во Србија, на пример, на листата е и крајно десничарското движење Двери, кое е противник на Вучиќ и кое е движечка сила зад граѓанските протести против неговиот режим, а постојат и повеќе граѓански организации и неформални групи кои имаат про-Кремљ агенда, како што се движењата „Наши“ од Србија и „Ветерани на Република Српска“.

Русија, анализира СтратКом, има значително влијание во внатрешно поларизирани земји и игра на картата на внатрешни поделби за да ја зголеми својата геополитичка моќ во спротивставувањето на Западот. На ваквите обвинувања, официјална Москва постојано одговара дека не им се меша во внатрешните работи на балканските држави, но и дека предупредува оти НАТО и САД сакаат да ги вовлечат некои од тие земји во Алијансата. На пример, за Кремљ, како што изјави и рускиот претседател Владимир Путин, Преспанскиот договор „е невиден пример за тоа како Западот врши притисок и ја наметнува својата волја без оглед на суверенитетот на другата земја“.

Според политикологот Симеон Костадиновски, тоа е вообичаена реторика на Кремљ.

„Москва во повеќе наврати беше јасна дека не сака ширење на НАТО кон нејзините граници. Но, не треба да очекуваме толку прецизна реторика и за она што таа го прави за ги оствари своите геостратешки планови кога се работи за тоа ширење на Алијансата. Кремљ во ширењето гледа закана за своите интереси, но никогаш нема да открие својата стратегија“, вели Костадиновски.

Сепак, според последната анализа на СтратКом и на аналитичарот Димитар Бечев, како нејзин автор, во последните 2-3 години Москва ја открила „механиката на својата вклученост во геополитичките прилики на Балканот“.

„Случаите на Северна Македонија и Црна Гора ја откриваат механиката на руската вклученост. Во двете земји, Русија се обиде да ја попречи интеграцијата во НАТО користејќи ги внатрешните превирања. Во случајот на Северна Македонија, Москва ги искористи политичките ривалства и поделби помеѓу мнозинската македонска и албанската заедница“, вели д-р Димитар Бечев, директор на софискиот Институт за европска политика и автор на цитираната анализа.

Од Шарената револуција до Преспанскиот договор

Според него, во Црна Гора, Русија профитира од јазот околу црногорскиот националниот идентитет, а приврзаници на Москва се главно оние граѓани кои сметаат дека Црногорците се дел од српската нација. И во Црна Гора и во Северна Македонија, објави СтратКом, Русија ја докажа својата способност да ги искористи внатрешните конфликти за сопствени цели.

„Во Северна Македонија, Русија ја поддржува националистичката централно-десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година, Министерството за надворешни работи и про-Кремљ медиумите ги осудија протестите што беа организирани против владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, нарекувајќи ги Шарена револуција оркестрирана од Западот. Кога социјалдемократите дојдоа на власт, Русија и нејзините повереници се спротивставија на договорот со Грција. Протестите ја претставија промената на името на земјата како национално предавство. Самиот Путин го опиша Преспанскиот договор како невиден пример за начинот на кој Западот врши притисок и ја наметнува својата волја без оглед на суверенитетот на другата земја“, анализира д-р Бечев и додава дека „Русија во тој случај сакала да се протне во националните процеси на одлучување со цел да го поткопа проширувањето на НАТО и ЕУ“.

XS
SM
MD
LG