Достапни линкови

Албанија од ЕУ доби 20 илјади тестови за КОВИД-19


Албанија ги доби најавените 20.000 тестови донација од Европската унија. На директорката на Институтот за јавно здравје, Албана Фицо донацијата ѝ ја предаде амбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца.

„Овие тестови ќе послужат за поквалитетна анализа. Колку посигурни се тестовите, толку поефикасна е војната. ЕУ стои до Албанија. Солидарноста и соработката меѓу Албанија и ЕУ посилна од кога било“, напиша Сореца на Твитер.

Според вчерашните последни објавени податоци од Институтот за јавно здравје, во Албанија направени се 6.768 тестови а потврдени позитивни на „КОВИД-19“ се 678 лица, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани случаи.

Досега се оздравени 394 луѓе, додека починале 27 лица.

XS
SM
MD
LG