Достапни линкови

Времето сончево со температура до 26 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот умерен северозападен ветер. Утринската температура се движи од минус еден до седум, а дневната ќе биде од 16 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот умерен северозападен ветер. Утринската температура достигна до три, а дневната ќе биде до 23 степени.

В недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

XS
SM
MD
LG