Достапни линкови

Украинскиот авион се запалил пред да падне


Иран- форензичари работат на местото на кое падна украинскиот авион, 08.01.2020

Украинскиот авион бил во оган пред да падне во близина на аеродромот во Техеран, покажува првичниот извештај на Иранската цивилна авијациска организација објавен денеска. Во вчерашната несреќа на Украинскиот меѓународен авиопревозник, кој патуваше од Техеран до Киев, загинаа сите 176 луѓе кои беа во авионот.

Во извештајот на иранските истражители се цитираат изјави на очевидци кои тврдат дека авионот бил во пламен уште во воздух. Иранските државни медиуми првично јавуваа дека авионот се запалил откако паднал, но во видеото објавено подоцна се гледа како авионот и додека е во воздух е во пламен.

Украинските власти соопштија дека 82 ирански државјани, 63 Канаѓани, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, тројца Германци, тројца Британци и 11 Украинци загинале при падот на авионот. Киев го прогласи 9 јануари за ден на национална жалост.

XS
SM
MD
LG