Достапни линкови

Средби на Мицкоски со Заев и Ахмети за техничката влада


Илустрација. Скопје- средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе одржи средби со премиерот и лидер на владејачката СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Најавено е дека Мицкоски прво ќе одржи средба со Ахмети во Собранието, а потоа ќе се сретне со Заев во Владата.

Како што претходно беше најавено, Заев и Мицкоски на средбата ќе имаат консултации за техничката влада.

Заев синоќа кажа дека на средба со Мицкоски ќе го отвори прашањето и за измени на Изборниот законик со воведување на една изборна единица, доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сака за тоа да разоговара.

" За една изборна единица можеме да одлучуваме сè до 12 февруари односно до 60 дена пред изборите додека работи Парламентот. Ние не се откажуваме од ова прашање, а и колегите од помалите политички партии, помалку бројните етнички заедници се про и сакаат.
Убаво е ако за тоа одлучиме со консензус, рече синоќа Заев.

Тој ова го кажа по Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, на кој за технички премиер беше избран досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а за вицепремиерка, на местото на Кочо Анѓушев, Мила Царовска.

Согласно законот, опозицијата мора да дојде на консултација за предлогот за министер за внатрешни работи и тој да биде прифатен од власта (двете најголеми партии).

Согласно процедурата, на 90 дена пред изборите треба да се формира техничката влада, а тоа треба да се случи на 3 јануари.

XS
SM
MD
LG