Достапни линкови

Полицијата пронајде десет мигранти од Авганистан


Македонско - грчката граница.

Полицијата во координирана акција сопрела патничко возило пред патарината Отовица-Велес во кое биле пронајдени десет мигранти од Авганистан, соопшти МВР додавајќи дека за време на синоќешната акција повредени биле двајца полициски службеници и двајца мигранти.

Од полицијата велат дека мигрантите биле превезувани во возилото „фолксфаген фејтон“ со скопски регистарски таблички во споственост на 24-годишно лице од скопско Студеничани кое било сопрено од полицијата, но при застанувањето дошло до судир со полициското возило и така полицијаците и мигрантите се здобиле со повредите и биле префрлени во Општата болница Велес.

останатите мигранти биле префрлени во Прифатно – транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а за случајот е известен и јавен обвинител.

Во Северна Македонија уште од 2015 година е донесена одлука за прогласување кризна состојба на јужната и на северната граница за справување со нелегалната миграција, а таа состојба властите континуирано ја продолжуваат.

Според податоците на МВР, во првите девет месеци од годинава биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границата на Северна Македонија, за разлика од минатата година кога биле откриени 13.143 вакви случаи. Најголем дел од обидите се регистрирани на границата со Грција околу 90,7 отсто, а околу осум проценти се на границата со Србија.

XS
SM
MD
LG