Достапни линкови

Организациите за човекови права го критикуваат новиот грчки закон за мигранти


Хуманитарната организација Хујман Рајтс Воч денеска побара Грција да го повлече нацрт-законот со кој се ограничува пристапот до заштита за барателите на азил од Сирија, Ирак и Авганистан.

Според организацијата Законот е обид да се блокира пристапот до заштита и да се зголеми бројот на депортации поради зголемениот број пристигнувања на мигранти.

Хјуман рајтс воч наведува дека нацрт-законот, за кој неделава ќе се расправа во Парламентот, ќе го олесни задржувањето на мигрантите на подолг период и ќе ги лиши ранливите луѓе, вклучително и децата без придружба, од неопходна заштита.

Во одделни изјави и Амнести Интернешнл и Лекари без граници реагираат дека предложениот закон ќе ги ограничи правата на бегалците.

Владата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис,тврди дека цел на нацрт законот е да се поедностават долгите процедури за добивање азил и да се помогне процесот на депортација на одбиените баратели на азил.

Владата ја обвини претходната левичарска влада дека лошо го решавала тоа прашање, поради што илјадници луѓе се затворени во преполни кампови.

XS
SM
MD
LG