Достапни линкови

Помпео во Црна Гора - Склучивме договор за воена опрема од 36 милиони долари


Американскиот државен секретар Мајк Помпео на заедничка прес-конференција со црногорскиот премиер Душко Марковиќ во Подгорица, Црна Гора

Црна Гора е важна за регионалната стабилност, но потребно е да се работи на јакнење на владеење на правото и слободата на медиумите, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео, за време на својата прва официјална посета на Подгорица, Црна Гора.

Тој по средбите со црногорскиот државен врв информираше дека САД и Црна Гора склучиле договор за набавка на воена опрема вредна 36 милиони долари, пренесе новинската агенција Ројтерс.

„Црна Гора е важна за регионалната стабилност“, рече Помпео и ја пофали разузнавачката соработка со Црна Гора, благодарение на која, како што изјави „успеале да создадат систем за заштита на милиони уреди ширум светот од најновиот руски малвер“.

Според црногорски „Вијести“, американскиот висок функционер ја пофалил и соработката меѓу двете држави и заедничката борба против опасностите на 21 век. Помпео, меѓу другото, рече и дека не смее да има напади врз новинари, како што беше случајот со новинарката Оливера Лакиќ.

XS
SM
MD
LG