Достапни линкови

На Рохани му се допаѓа планот на Макрон за разговори со Иран


Макрон и Рохани на средбата во седиштето на Обединетите нации во Њујорк

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, изјави дека планот за разговори презентиран од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, пред САД и Иран начелно е прифатлив. Тој додаде дека треба да се изменат некои формулации во планот, во кој се потенцира дека Иран нема да продолжи со изработката на нуклеарно оружје и дека ќе помогне да се осигура безбедноста на регионот и неговите пловни патишта, доколку Вашингтон би ги укинал сите санкции, пренесе новинската агенција „Ројтерс“.

Според Рахани, тој план, исто така, ќе му овозможи на Иран веднаш да продолжи со продажбата на нафтата.

Рохани на седницата на владата, на која се разговараше за планот на Макрон, а која седница се пренесуваше во живо на иранската телевизија, рече дека различните пораки за санкциите, испратени од САД минатата недела додека присуствувал на седницата на Генералното собрание на ОН, ја поткопале можноста за разговори, пренесе „Ројтерс“.

XS
SM
MD
LG