Достапни линкови

Џолев: Наскоро оценка за обвинението за 27 април


Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев изјави дека од вкупно девет судии во Одделот за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1, осуммина се веќе изземени, бидејќи имале врска, работеле или одлучувале по некаков основ по првиот предмет за насилствата во Парламентот на 27 април 2017 година.

„Од тие причини ќе мора да се делегираат судии од Основниот суд Скопје 1 кои не се во овој оддел и обвинението ќе се оцени“, ијави Џолев.

XS
SM
MD
LG