Достапни линкови

Полицијата употреби солзавец во трговскиот центар во Хонгконг


Хонгконгшката полиција употреби солзавец во градот Ша Тин за да ги растера демонстрантите кои упаднаа во локалниот трговски центар. Претходно, демонстрантите ја демолираа најблиската железничка станица која е затворена, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата во Хонгконг денеска зазеде позиции на главната железничка станица на патот кон аеродрдомот, за да ги спречи антивладините демонстранти повторно да го загрозат воздушниот сообраќај, по насилните немири на улиците минатата ноќ.

Демонстрантите во Хонг Конг се борат против ерозијата на аранжманот „една земја, два система“ што предвидува одредена автономија за Хонг Конг кога Кина ја врати оваа територија од Британија во 1997 година. Движењето што започна пред три месеца против предлог-законот со кој се дозволува екстрадиција во Кина ужива широка поддршка во градот во кој живеат повеќе од 7 милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG