Достапни линкови

Јеменските Хути се заканија со напад на Абу Даби


Oткако Саудиска Арабија го обвини Иран за нападот врз рафинерија, јеменските Хути се заканија со нови напади и во и надвор од границите на Саудиска Арабија. Тие рекоа дека се подготвени за напад со дронови врз Абу Даби, финансискиот центар на ОАЕ, пренесоа агенциите.

„Имаме на дострел десетици мети во ОАЕ и можеме да нападнеме во секој момент. ОАЕ треба да го прекинат учеството во агресијата на Јемен доколку сакаат да ги заштитат своите стаклени облакодери“, изјави портпаролот на бунтовниците Јахја Сарија.

Друг претставникот на Хутите нагласи дека групата набавила нови дронови кои имаат млазни мотори, кои значајно ќе го зголемат нивниот дострел. Хутите ја презедоа одговорноста за нападот врз нафтените објекти во Саудиска Арабија, што предизвика проблем во глобалното снабдување со нафта.

XS
SM
MD
LG