Достапни линкови

Нуклеарната вода од Фукушима ќе се фрла во морето?


Јапонската компанија „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО) ќе биде принудена да ја фрли радиоактивната вода од својата нуклеарна електрана Фукушима директно во Тихиот океан, изјави јапонскиот министер за животна средина, Јошиаки Харада, пренесе Ројтерс.

По земјотресот и цунамито во Јапонија во 2011 година, кои ја оштетија нуклеарката Фукушима, ТЕПКО во специјализирани резервоари собрала повеќе од милион тони контаминирана вода што се користела во цевките за разладување, но, како што објави, до 2022 година ќе ѝ снема простор за складирање.

„Единствена опција ќе биде испуштање во море“, рече министерот Харада на прес-конференција.

„Се разбира, за таквата одлука ќе расправа цела влада, но сакав за тоа да го изразам своето мислење“, додаде тој и објасни дека конечната одлука на владата ќе биде донесена откако ќе биде направен и разгледан специјален извештај од експертска група.

XS
SM
MD
LG