Достапни линкови

Руски борбен авион пренасочил авион на НАТО


руски Су-27 пренасочува Ф-18

Руски борбен авион пренасочил воено летало на НАТО кое му се приближило на патничкиот авион во кој се наоѓал рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесоа руските државни медиуми. Каналот „Росија 24“ објави и снимка на „средбата“ меѓу двата авиона над Балтичко море веднаш откако Шојгу се вратил во Москва од посетата на Калининград. На снимката се гледа маневар на рускиот Су-27 кој пренасочува Ф-18 што летал до авионот на министерот. Пренесена е и изјавата на НАТО дека намерата на авионот била да го идентификува леталото над Балтичко море.

XS
SM
MD
LG