Достапни линкови

Кривичен суд го повика ОЈО да се однесува со почит кон судиите


Седиштето на ОЈО

Од Основниот кривичен суд Скопје за вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески реагираат дека судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, при што секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна.

„Како суд бараме во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамки единствено на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања“, се наведува во соопштението.

Јовески на прашање за последната одлука за случајот „Тревник“, порача дека на такви судии не им е местото во правосудството.

XS
SM
MD
LG