Достапни линкови

Чавушоглу во дводневна посета на Северна Македонија


Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска и утре е во посета на Северна Македонија. Како што соопшти турското МНР, Чавушоглу во Скопје ќе има средба со својот домаќин,, министерот Никола Димитров, како и со други официјални претставници.

На средбите ќе се разговара за билатералните односи, за можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и за регионални прашања.

XS
SM
MD
LG