Достапни линкови

Јункер му честита на Мицотакис


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, му честиташе на лидерот на Нова демократија за како што наведе, јасна победа на парламентарните избори. „Имам апсолутна доверба во вашите лични способности и способноста на Грците да напишат ново и посветло поглавје во историјата на вашата земја. Можете да сметате на мојата лична поддршка и поддршка од Европската комисија во остварувањето на таа цел”, нагласи Јункер во неговата честитка. Тој истакна дека грчкиот народ претрпел многу во изминатите десет години, оценувајќи дека достоинството, издржливоста и посветеноста кон Европа, што тие го покажале, заслужуваат почит.

XS
SM
MD
LG