Ердоган не се откажува, Истанбул пред нови избори
Главната опозициска партија во Турција, Републиканската народна партија оцени дека е „обична диктатура“ одлуката за повторување на локалните избори во Истанбул. Претходно, Врховниот изборен совет ги поништи резултатите од изборите кои му нанесоа болен пораз за претседателот Реџеп Таип Ердоган.