Достапни линкови

Грција бара отштета од Германија од двете светски војни


Грција бара од Германија да и исплати воени отштети за материјалните штети и кражби, репарации за жртвите и роднините на жртвите, отплата на окупаторскиот заем и враќање на украдените археолошки и црковни богатства за време на двете светски војни, е наведеново извештајот на Интерпарламентарниот комитет, за кој денеска на пленарна седница ќе расправа и ќе решава грчкиот Парламент.

Претседателот на Собранието на Грција, Никос Вуцис ја оцени денешната седница како „историски момент за грчкиот Парламент“, нагласувајќи дека станува збор за „морална, политичка и историска обврска што актуелниот Парламент, нема друг избор, освен да ја исполни“.

На пленарната седница, по расправата Парламентот ќе донесе одлука врз основа на извештајот.

XS
SM
MD
LG