Достапни линкови

Богданчани ја чуваат загрозената Astragalus physocalyx

Викендов заинтересираните го посетија живеалиштето на ендемичното растение Astragalus physocalyx во Богданци.

Здружението „Полимат 13“ ја организираше посетата на растението кое го има во околината на Богданци и на уште две места во светот. Поточно, ендемичното растение Astragalus physocalyx се наоѓа во Значајното растително подрачје „Богданци“.
„Значајни растителни подрачја (ЗРП) претставуваат најзначајни места во светот за диверзитетот на диворастечките растенија. На национално ниво, како ЗРП се определуваат оние подрачја во една држава што се карактеризираат со присуство на значајни растителни видови или значајни станишта“, објаснуваат од „Полимат 13“.
Од здружението информираат дека растението е на Светската црвена листа на загрозени видови, а освен кај нас, го има уште само во Бугарија и Турција.
„Astragalus physocalyx припаѓа на истата фамилија растенија како и гравот и грашокот. Цвета напролет во периодот од април до јуни, со боја на цветот од виолетово - белузлава до розева, а плодот е со топчеста подуена форма. Неговото живеалиште е тесно врзано со прнаровите шуми во околината на Богданци“, информираат од здружението.
„Полимат 13“ работи на афирмирање на значењето на ова подрачје, идентификувано не само како ЗРП, туку и како подрачје приоритетно за заштита во национални рамки, организирајќи секоја година посета на Astragalus physocalyx неколку пати во текот на месеците април, мај и јуни кога е во фаза на цвет.

XS
SM
MD
LG