BBG Affiliates
Втор ден од самитот меѓу Трамп и Ким
Американскиот претседател Доналд Трамп на вториот ден од разговорите со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во Ханој, Виетнам изјави дека не брза во постигнување договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Критичарите велат дека е наивно воопшто да се очекува такво нешто од Пјонгјанг.