Достапни линкови

Меѓународниот суд го ослободи Лорен Гбагбо


Лорен Гбагбо

Меѓународниот кривичен суд во Хаг го ослободи поранешниот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Лорен Гбагбо.

Тој беше обвинет за злосторства против човештвото во врска со насилството по спорните избори во 2010 година. Во насилните настани по изборите загинаа 3.000 лица, а околу 500 000 се раселени.

Гбагбо беше уапсен во 2011 година во бункер на претседателската палата, во акцијата на ОН и силите поддржани од француските сили и од неговиот ривал, Аласан Уатара.

Судиите на МКС пресудија дека обвинителството не докажало неколку обвиненија против Гбагбо и наредија негово ослободување.

До насилствата во 2010 година во Брегот на Слоновата Коска, дојде откако Гбагбо одби да прифати дека го изгубил контроверзниот круг на избори против неговиот ривал, Уатара.

XS
SM
MD
LG