Достапни линкови

Јункер: нема компромис во борбата против корупцијата


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави во Букурешт дека не постои компромис во борбата против корупцијата. „Европската унија правеше компромиси, но кога станува збор за човековите права, правната држава и борбата против корупцијата не може да има компромиси“, рече тој во говорот со кој е одбележано романското преземање на претседавањето со Европската унија. Романија е критикувана од Брисел поради контроверзната реформа на правосудството што ја доведува во опасност борбата против корупцијата во таа земја.

XS
SM
MD
LG