Достапни линкови

Македонија меѓу пораките од Брисел и Москвa


Кој ѝ се меша на Македонија - Западот или Русија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:36 0:00

Кој ѝ се меша на Македонија - Западот или Русија?

Со секоја порака до Скопје испратена и од НАТО и ЕУ и од Русија, одново се отвора дебатата - Кој ѝ се меша на Македонија во веќе искажаната определба за стратегиски партнер?

„Македонија со членство во НАТО би била легитимна мета на Русија. САД, НАТО и ЕУ се мешаат во внатрешните работи на Скопје. Западот уценува за уставни измени за да ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ...“. Ова е само дел од арсеналот на руската дипломатија насочен кон Македонија, кој доаѓа од високи позиции, како Руската амбасада во Скопје и руското МНР.

„Вие како граѓани треба да размислите дека Македонија по зачленувањето во НАТО ќе бидете дел од неговата машинерија и полигон за негови бази, и при евентуален напад од Алијансата кон Русија, вие би биле мета на рускиот одговор“, рече поранешниот руски амбасадор во Скопје, Олег Шчербак во март 2018 година, што беше една од најдиректните пораки на Москва до Скопје.

Од Запад, пак, стигаат пораки дека „го поттикнуваат процесот за зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ затоа што Македонија тоа го сака. Се укажува на руско мешање, се ветува безбедносен чадор за Скопје и економски придобивки за македонските граѓани“.

Кој ѝ се меша на Македонија во внатрешните работи?

Со секоја ваква дипломатска порака од двете страни, јавноста си го поставува прашањето: Кој ѝ се меша на Македонија во внатрешните работи? Дали е тоа Русија, која, според експертите, не сака ширење на НАТО кон нејзините граници и затоа ја „кочи Македонија на тој пат“ или Западот, кој, според неговите опоненти, „не нуди просперитет, туку само бара членки плус за ширење на исток“?

Според професорот на Универзитетот во Грац и експерт за Балканот, д-р Флоријан Бибер, руските обвинувања, меѓу кои и последното од шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, дека Западот, ѝ се меша на Македонија се „смешни“, бидејќи не може да се смета за мешање на Западот во Македонија, ако Македонија одамна се определила за западните организации.

„Идејата зад обвинувањата на Лавров за вмешување на ЕУ и НАТО е смешна. Македонија се изјасни дека сака да им се приклучи на двете организации, а тоа е однос што бара заемни дискусии и поврзување, што секако е некаква интервенција, но во смисла дека е дел од самиот процес“, смета професорот Бибер.

Дека Македонија одамна е определена за Алијансата и Унијата се согласува и националниот НАТО координатор Стево Пендаровски, кој во интервју за РСЕ вели дека Македонија има цел сет причини зошто сака да биде со НАТО и ЕУ, но оти тоа не значи закана за Русија.

„Ние го одбравме тој пат многу одамна, значи многу пред да дојдат тие изјави не само од амбасадорот, туку и од нивното Министерство за надворешни работи кое од време на време излегува со формулации, кои јас мислам дека содржат реторика која не помага да се подобрат билатералните односи меѓу двете држави. Ние имаме цел сет причини зошто сакаме да бидеме дел од таа Алијанса и зошто сакаме да бидеме дел од ЕУ. Не за да бидеме закана за некого, туку за да бидеме дел од една организација, каде што членките споделуваат вредности. Тоа е една извикана категорија која луѓето мислат дека е апстракција, а не е“, изјави Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

Бибер: Москва ги обвинува останатите дека го прават она што таа им го прави на другите

Според професорот Бибер, „да се обвинуваат НАТО и ЕУ за тоа што го прават за своите идни земји-членки, во најмала рака е чудно.

„Москва нема стратешка определба во врска со регионот освен да настојува да го попречи напредокот и да гиблокира интеграциите на регионот во ЕУ и НАТО“, вели Бибер и додава дека „Русија ги обвинува останатите за она што таа самата им го прави на други земји“.

XS
SM
MD
LG