Достапни линкови

Македонија меѓу поканата од НАТО и притисоците од Русија


Руско противење на македонското членство во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Руско противење на македонското членство во НАТО

Фактот дека како Македонија се приближува до влез во НАТО, така се зголемуваат руските обиди за одвраќање на земјата од патот кон Алијансата, го покажува и заканата од рускиот претставник во ЕУ Владимир Чижов дека македонскиот влез во НАТО е грешка од која ќе има последици.

На само неколку дена пред одлуката на ЕУ да ѝ даде на Македонија условен почеток за преговори за членство и на десетина дена пред Самитот на НАТО, на кој се очекува покана за нас, Москва ја засили тн. советодавна дипломатија кон Скопје, која, како што велат експертите, со години на назад е во функција на руската анти-НАТО политика на Балканот.

Овој пат низата закани ја продолжи постојниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов, кој изјави дека приемот на Македонија во НАТО ќе биде грешка со последици.

Оваа изјава, според аналитичарите, е уште еден обид за руско влијание врз Македонија да се откаже од своите западни аспирации и е продолжение на низата вакви изјави кои досега ги слушнавме од рускиот амбасадор во Скопје, Олег Шчербак, од неофицијалниот советник на Кремљ - професорот Александар Дугин, но и од високи претставници на руската дипломатија директно од Москва.

Кремљ удира по мекиот стомак на Европа

„Се разбира, ние нема да фрлиме нуклеарни бомби. Секоја земја има право да носи одлуки и да прави сопствени грешки. Но, има грешки кои имаат последици“, изјави Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, на прашањето што ќе се случи ако Македонија влезе во НАТО.

Оваа мисија на Чижов почна пред точно една година кога при посетата на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на Москва, рече дека ситуацијата во Македонија е најпроблематична од цел Западен Балкан и дека треба да биде една од најсериозните теми на разговорите меѓу Русија и ЕУ.

Во тој контекст првиот македонски министер за надворешни работи, професорот Денко Малески, за РСЕ коментираше дека иако Москва можеби нема посебни интереси на Балканот, овој дел од Европа е мекиот стомак на Континентот каде што може да се продре и да се направат проблеми на трансатлантската заедница и дека не треба да дојде до тоа Брисел и Москва да преговараат за Македонија.

„Ако Европската унија и Русија ја стават Македонија на преговарачка маса, тогаш таа ќе стане монета за поткусурување“, предупреди професор Малески.

Ние не сме закана за никого, па ни за Русија

Дека руското присуство во Македонија е засилено во последно време, се сложува и националниот координатор на Македонија за НАТО, Стево Пендаровски. Тој вели дека тоа е сосема легитимно, но дека Македонија треба да го следи својот стратешки интерес, дека тој интерес не е закана за никого, па ни за Русија.

„Ние го одбравме тој пат многу одамна, многу пред да дојдат ваквите изјави, не само од амбасадорот, туку и од нивното Министерство за надворешни работи, кое од време на време излегува со формулации кои јас мислам дека содржат реторика која не помага да се подобрат билатералните односи меѓу двете држави. Една од тие изјави, сигурно ја паметите, дека кога Македонија би влегла во НАТО би била легитимна цел. Легитимна цел сте само кога претставувате закана за некоја држава, инаку зошто би биле легитимна цел за Руската Федерација“, изјави Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

На неодамнешната трибина „Позитивните и негативните аспекти од зачленувањето на Македонија во НАТО“, Пендаровски рече дека со членството во НАТО конечно ќе биде затворено прашањето дали Македонија ќе ја биде или не.

XS
SM
MD
LG