Достапни линкови

Македонија поканета да стане 30-та членка на НАТО


Македонија доби покана за НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Јенс Столтенберг - Македонија доби покана за НАТО

НАТО официјало ја покани Македонија да почне пристапни преговори за прием во Алијансата. Во заклучокот од самитот во Брисел е поздравен договорот Атина – Скопје без чија целосна примена нема завршување на пристапниот процес.

Македонија доби поканата за почнување на преговорите за зачленување во НАТО а ќе стане членка откако ќе се завршат сите процедури предвидени со договорот за името со Грција. Ова накратко е веста што стигна од самитот на Алијансата во Брисел а ја соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

"Топло го поздравуваме минатомесечниот историски договор меѓу Атина и Скопје и денеска се согласивме да ја поканиме владата во Скопје да ги почне пристапните преговори. Во моментот кога сите национални процедури ќе завршат околу финализирањето на договорот за името, земјата ќе се приклучи на НАТО како 30-та земја членка," изјави Столтенберг.

На новинарско прашање околу поддршката на договорот со Грција во земјата, кој е поврзан со нашето зачленување во НАТО, Столтенберг јасно порача дека не може во НАТО со нерешен проблем за името. Додаде дека ова е животна шанса и дека граѓаните треба да ја донесат одлуката.

И во заклучоците се спомнува самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година на кој Македонија беше блокирана да стане членка поради противењето на Грција. Десет години подоцна сега сите во Брисел очекувањата за зачленувањето во западниот воен сојуз ги темелат врз очекувањата дека договорот со Грција ќе биде целосно спроведен.

Тоа би требало да вклучува успешен референдум и уставни измени, по што тогаш Северна Македонија ќе стане членка на алијансата.

Покрај премиерот Зоран Заев, во Брисел се и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Никола Димитров, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, и вицепремиерот Бујар Османи.

Иако и меѓу македонските политичари и меѓу странските дипломати владее оптимизам од откочениот процес за интреграција во НАТО, впечатокот е дека сите се во очекување на резулатите од референдумот, кој ако не биде успешен, ќе ги доведе во прашање уставните измени, а со тоа и станувањето 30-та членка на алијансата.

На самитот се чини најинтересен за новинарите во прес центарот е американскиот претседател Доналд Трамп, а од темите оние поврзани со несогласувањата меѓу земјите членки.

Во објектот на НАТО во Брисел денеска беа присутни сите лидери на Алијансата како и други политичари. Овој дел од градот, каде е сместен штабот на НАТО е речиси затворен за движење, а до него новинарските екипи можат да стигнат само со посебни автобуси на НАТО.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG