Достапни линкови

Московски политички цинизам за Македонија


Западен Балкан напред!
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00

Западен Балкан напред!

Атлантскиот совет во својот последен документ за новата американска стратегија за Западен Балкан ја става Русија во фокусот на мешањето во стратешките определби на Македонија, БиХ и Косово и предупредува дека ако ситуацијата во регионот се сфати погрешно, веќе утре ќе има сериозна криза.

Руската политика на Балканот е камен во запчаникот на демократските реформи и на евроатлантските интеграции на Македонија, БиХ, Косово и Србија, предупредува Атлантскиот совет во неговиот документ Новата американска стратегија за Западен Балкан. И покрај тоа, авторите на стратегијата, политичките експерти Дејмон Вилсон, Сара Беденбо и Дамир Марушиќ, велат дека наспроти минатото исполнето со огромни промени и несигурност, САД, ЕУ и Западен Балкан имаат можност за успешна иднина. Ако го сфатиме правилно, велат тие, можеме да создадеме и да водиме безбеден и просперитетен Западен Балкан цврсто вграден на Запад, но ако го сфатиме погрешно, денешната амбивалентност, утре може да предизвика криза.

Во фокусот на таа криза, според Атлантскиот совет, меѓу другото, е и „руската политика која отворено се противи на влезот на земјите од регионот во НАТО и ЕУ“, бидејќи, според Кремљ, Вашингтон и Брисел со сила се обидуваат да ги внесат Македонија и нејзините соседи во западните сојузи.

Од историски врски до малигна акција

Додека во Србија руската акција е „морална поддршка поради историските врски, во БиХ и во Косово малигна, во Македонија е потранспарентна и цинична“, стои во документот на Советот.

„Наместо да се приклучат кон остатокот од меѓународната заедница во повикувањето на дијалог за време на тешките моменти од кризата во 2017 година, руските дипломати во Скопје ја влошија ситуацијата со поддршка на елитата во ВМРО-ДПМНЕ и ги брендираа сите обиди за надворешно посредување како странска интервенција", се вели во стратешкиот документ на Атлантскиот совет.

Трите клучни цели за оддалечување на Балканот од Запад

Русија не е единствениот извор на разните патологии на регионот, но таа, како што велат експертите од Атлантскиот совет, ги користи за да ја реализира својата политика на спојлер на Западот, надевајќи се дека ќе постигне 3 клучни цели.

Првата цел е одвраќање на регионот од неговата стратешка западна определба, втората цел е заканата дека политичката криза на Балканот може да ескалира до точка на престрелки или граѓанска војна, што ќе го забрза слабеењето на и онака кревките држави како Македонија и Косово, и третата цел, која според потпретседателот на Атлантскиот совет и еден од авторите на овој документ, Дејмон Вилсон, е преседан, бидејќи Москва сака во регионот да направи што поголем неред за потоа од неа да се бара помош за решавање на тој неред.

„Руската тактика може да наруши и да создаде збунетост. Тие не градат. Луѓето од регионот се надеваат во лидерите на НАТО и ЕУ, се надеваат дека ќе создадат нешто, да имаат безбедносен чадор, сигурност за безбедност што овозможува политичка соработка и помага за економски раст. Ние ќе го изградиме тоа во оваа серија одлуки, а русите сакаат само да нарушуваат“, вели Вилсон во интервју за Радио Слободна Европа.

Земјите од Балканот јасно кажаа дека евроатлантските интеграции се нивна стратешка определба

И покрај сето тоа, од Атлантскиот совет велат дека тие навистина веруваат дека иднината на Западен Балкан е на Запад, како што, впрочем сите освен Србија, го истакнаа ова како стратешка цел. Истото го потврди и американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој говорејќи на последниот Самит на Јадранската повелба, рече дека со нетрпение очекува повторно да се потврди заложбата на САД за градење на односи кои ќе ги зајакнат врските меѓу ЕУ, САД и Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG