Трамп: направив лапсус кога говорев за руското мешање во изборите
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека направил лапсус кога по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки изјави дека не гледа зошто Москва би се мешала во американските претседателски избори во 2016 година. Трамп претходно во интервју за Фокс њуз повторно го стави под сомневање основниот темел на НАТО, заедничката одбрана.