Достапни линкови

Поканата за НАТО предадена - преговорите почнуваат веднаш


НАТО и Македонија - денес славете, од утре на работа
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:02 0:00

НАТО и Македонија - денес славете, од утре на работа

Кога сите национални процедури ќе бидат завршени и кога сите НАТО членки ќе ги ратификуваат вашето пристапување ќе станете 30 - та членка на Алијансата со место на нашата маса, со еднаков глас во нашите дискусии и еднаков глас при носењето на нашите одлуки“ - порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг на церемонијата на предавњето на поканата за членство на Македонија во НАТО

Историски, свечен, важен момент за Македонија. Со овие зборови попладнето во седиштето на НАТО во Брисел премиерот Зоран Заев на свечена церемонија го доби писмото со информацијата за одлуката Македонија да ги почне преговорите за зачленување во алијансата.

Генералниот секретар Јенс Столтенберг го потпиша документот во име на Алијансата, момент кој предизвика аплауз од првиот ред во кој се наоѓа министри и други членови на владината делегација.

Поканата која беше блокирана десет години, земјава ја добива по договорот со Грција кој Столтенберг постојано го повторува како добар пример. Знам дека компромисите се тешки но верувам дека тоа е добро за регионот, рече тој.

Деталните пристапни преговори почнуваат сега за да и помогнат на вашата земја да ги направи потребните подготовки за полноправно членство. Кога сите национални процедури ќе бидат завршени и кога сите НАТО членки ќе ги ратификуваат вашето пристапување ќе станете 30 - та членка на Алијансата со место на нашата маса, со еднаков глас во нашите дискусии и еднаков глас при носењето на нашите одлуки“

Премиерот Заев пак и сега пред генералниот секретар ги повика граѓаните на прослава во сабота. Заев рече дека оваа одлука на НАТО е успех на сите граѓани на Македонија, на сите политички партии и влади како резултат на нивниот напор во изминативе години.

Радоста е голема и зашто во неа се вградени напорите на сите чинители од создавањето на независна и самостојна Република Македонија до денес. Граѓаните од сите градови и населени местa низ државата. Сите наши пратеници од сите политички партии, во сите собраниски состави. Сите претседатели и членови на Владите на независна Република Македонија. Огромното мнозинство граѓанки и граѓани“. рече Заев.

Тој се заблагодари и на премиерите на Грција и на Бугарија Алексис Ципрас и Бојко Борисов за делењето како што рече заедничка визија за регионот.

Попладневната церемонија се одржа по неколкупати одложување поради сериозните разговори на други теми на земјите членки на алијансата, па и македонската делегација и новинарите беа во постојано очекување кога таа ќе се одржи. Македонија всушност и веднаш ќе почне со работа поврзана со пристапниот процес.

Денес е ден за славење а наредниот период ќе имате работа најави и самиот генерален секретар. Според брифинзите во Брисел уште во теков на месецов тим на НАТО ќе пристигне во Македонија за да ги води преговорите за пристапување.

Но покрај техничкиот дел речиси не поминува изјава на политичар во Брисел во која не се напоменува дека сега се е на граѓаните на Македонија да одлучат на референдум- ако поминат уставните измени од договорот со Грција, тогаш Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, во спротивно тоа нема да се случи, како што рече и Столтенберг. Заев пак, и од тука си заминува оптимист со порака дека верува оти граѓаните ќе знаеле што да направат.

Денеска и завршува дводневниот самит на НАТО. Светските лидери заминаа претпладнево, а новинарите во полната сала постојано ги следеа нивните изјави во живо или пак на големите видео бимови.

Најголемо внимание предизвика прес конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп на која немаше ниту едно слободно столче во салата.

Американските сенатори поделени околу пристапот на Трамп кон НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Трамп кој одговораше на многу прашања поврзани со различни теми доби и едно за Македонија - за руското влијание, но не одговори наведувајќи дека нема да ги откриеле нивните идни чекори.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG