Достапни линкови

Дали НАТО на самитот го преживеа Трамп?


Американските сенатори поделени околу пристапот на Трамп кон НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Американските сенатори поделени околу пристапот на Трамп кон НАТО

НАТО лидерите на состанокот во Брисел ветија „непоколеблива заложба“ да ги исполнат целите во трошоците за одбраната за што претходно добија жестоки критики од американскиот претседател Доналд Трамп. Американските сенатори се поделени околу тоа како Трамп се справува со европските сојузници.

Претседателот Трамп во Брисел пред почетокот на самитот на НАТО, критикувајќи ги сојузниците што не издвојуваат доволно за одбраната, посебно ја издвои Германија наведувајќи дека таа била „целосно контролирана“ и „заробена од Русија“ поради проектот за гасоводот.

И покрај тоа што нанивниот состанок, тој и германската канцеларка Ангела Меркел изразија уверување во натамошниот развој на партнерските односи меѓу двете земји, оценките на Трамп за европските сојузници наидоа на реакции меѓу американските сенатори.

Демократскиот сенатор Ричард Блументал рече дека Трамп треба да се извини за неговите забелешки.

„Она што го прави Доналд Трамп е најубавиот сон на Владимир Путин - да ги раздели нашите сојузници и Америка од тие сојузници“.

Сенаторот Дик Дурбин пак оцени дека претседателот Трамп не ја сфаќал важноста на НАТО и оти не било возможно европските сојузници да знаат за што точно се Соединетите држави:

„Знаете она што го прави претседателот е антагонизирање на нашите сојузници и прифаќање на нашите традиционални непријатели. Тоа мора да е збунувачко“.

Републиканскиот сенатор Џон Кенеди пак, изјави дека ја разбира стратегијата на претседателот Трамп кога ги повикува европските земји да ги зголемат своите трошоци за одбраната.

„Ние ги цениме нашите сојузи, ги цениме нашите сојузници, но мора да си го платите сопствениот пат. Америка - американскиот даночен обврзник - ги носи на грб. Тројно повеќе плаќаме од Германија, двапати повеќе од она што го плаќа Франција“.

И покрај тензиите од пред самитот околу забелешките на Трамп, НАТО лидерите во документот од нивните разговори во Брисел ветија „непоколеблива заложба“ да ги исполнат целите во трошоците за одбраната.

Лидерите и изразија поддршка на Британија во нејзините заклучоци дека Русија стоела зад труењето со нервен гас на поранешниот руски шпион Скрипал и ќерка му.

Во соопштението исто така се потврдува Членот 5 од Повелбата на Алијансата со кој се предвидува дека напад врз една земја членка претставува напад врз сите земји членки на НАТО.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG