Достапни линкови

Петмина убиени во пукање во редакција во САД


Вооружено лице пукало во редакција на еден весник во Анаполис, Мериленд, 28.06.2018.

Вооружено лице пукало во редакција на еден весник во американската држава Мериленд при што убил пет луѓе, а ранил неколкумина други. Се верува дека ова е најтрагичен напад врз новинари во историјата на САД. Белата куќа и политичките лидери го осудија пукањето во редакцијата на весникот „Кепитал Газет“ во главниот град на Мериленд Анаполис. Полицијата објави дека напаѓачот, кој бил уапсен, бил белец и оти редакцијата претходно примила закана на социјалните медиуми дека ќе биде нападната.

XS
SM
MD
LG