Достапни линкови

Лидерите на ЕУ постигнаа согласност за миграцијата


Од самитот на ЕУ во Брисел, 28.06.2018.

Лидерите на Европската унија постигнаа договор за миграцијата, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, без да соопшти детали. Според предлогот, земјите на ЕУ врз доброволна основа ќе дозволат затворени центри на нивна територија за процесуирање на мигрантите. Лидерите 12 часа работеле на изнаоѓањето компромис. Самитот во Брисел доаѓа во многу важен момент за ЕУ, бидејќи продолжуваат несогласувањата околу мигрантите, но и поделбите во врска со зголемените тензии со Русија и влошените односи со САД.

XS
SM
MD
LG