Достапни линкови

Советникот за национална безбедност на САД Болтон на европска турнеја


Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон

Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон од денеска е на европска турнеја во рамките на која, како што се очекува, ќе престојува во Москва за расчистување на патот за состанокот меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во идниот месец. Болтон најпрвин ќе се сретне со американските сојузници на 25 и 26 јуни во Лондон и Рим пред да замине во Москва на 27 јуни. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека наскоро би можело да дојде до средба меѓу Трамп и Путин.

XS
SM
MD
LG