Достапни линкови

Заев добил поддршка од ЦО на СДСМ за спорот за името


Претседателот на СДСМ Зоран Заев

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница му даде целосна поддршка на претседателот на партијата Зоран Заев да ги продолжи разговорите и да носи одлуки во врска со спорот за името, се вели во партиското соопштение.

На седницата се разговараше за актуелната политичка состојба во земјава, за разговорите околу проблемот што Грција го има со нашето уставно име, спроведувањето на реформите и мерките од програмата што обезбедуваат подобар живот за граѓаните, а стана збор и за внатрепартиските активности, како и за одредени кадровски прашања, се наведува во соопштението.

Во своето обраќање пред членовите на ЦО, претседателот Заев истакнал дека Македонија никогаш не била поблиску до изнаоѓање на достоинствено решение на спорот со Република Грција, што, како што рекол, истовремено ќе го зачува и зајакне нашиот идентитет.

Членовите на Централниот одбор дале поддршка на предлозите за кандидати за министри и заменици министри во Владата од редовите на СДСМ и тоа: Рената Дескоска за министер за правда, Петар Атанасов за заменик министер за образование и Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG