Настаните на денот низ фотографии - 24 мај 2018 година.
Нова рунда за името, Руска ракета за МХ17, Трамп му откажа на Ким...
1
МАКЕДОНИЈА / ИТАЛИЈА / БУГАРИЈА - Премиерот Зоран Заев, во рамки на посетата на Италија и на Светата Столица, по повод манифестацијата Македонија во чест на Св. Кирил, учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов.
2
МАКЕДОНИЈА / ГРЦИЈА / САД - Во зградата на ОН во Њујорк продолжи новата рунда преговори за спорот за името меѓу шефовите на дипломатиите на македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со посредништво на Метју Нимиц.
3
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Мигрантите заглавени на босанската граница со Хрватска го преплавија градот Велика Кладуша. Тамошните жителите се обидуваат да им помогнат, но, исто така, се и загрижени за безбедноста.
4
ГРЦИЈА - Грчкиот Совет, највисока судска административна инстанца во таа земја, го потврди статусот политички бегалци за двјаца турски офицери кои пребегаа во Грција по неуспешниот воен удар. Советот ги отфрли жалбите на владата во Атина која се противела на одлуката за азил. Во согласност со грчките закони, одлуката на Советот за двајцата офицери ќе се однесува и на останатите офицери кои ден по неуспешниот пуч во јули 2016 година со хеликоптер пребегаа во Грција.