Достапни линкови

Турција ги повлече амбасадорите од САД и Израел


Церемонија на отворање на новата амбасада на САД во Израел, Еруаслим, 14,05.2018.

Амбасадата на Турција во Вашингтон соопшти дека турскиот амбасадор бил повикан во Анкара поради одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја пресели американската амбасада во Ерусалим. Исто така бил повикан и турскиот амбасадор во Израел. Турското министерство за надворешни работи соопшти дека остро ја осудува одлуката за преселување на американската амбасада, наведувајќи дека станува збор за „легално неважечки потег“. Во изјавата се критикува Израел поради масовно убивање Палестинци кои протестираа по должината на границата меѓу Газа и Израел.

XS
SM
MD
LG