Достапни линкови

Трамп го предупреди Иран да не ја покренува нуклеарната програма


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот со неговиот кабинет во Белата куќа го предупреди Иран да не ја обновува нуклеарната програма. Сепак, тој додаде дека бил отворен за преговори за нова спогодба. „Или ќе постигнеме навистина добар договор за светот, или нема да има никаков договор“, рече Трамп. Тој претходно донесе одлука САД да се повлечат од меѓународната спогодба со Иран и најави обновување на санкциите врз Иран, укинати по постигнувањето на спогодбата во 2015 година.

XS
SM
MD
LG